Секој ден по една претстава во Драмски театар

Драмски театар по повод март – Месецот на театарот највува секој ден по една претстава. Според директорот Роберт Вељановски, во март, Драмски ќе има најмалку 31 претстава, колку што има денови.

На 27 март, за Светскиот ден на театарот, се предвидени три изведби. Воедно, Театарот ќе биде бесплатно отворен за сите, но билети ќе мора да се набават. Планирани се и забави, изложби, продажба на книги.

На 4 март, пак, со изведба на „Ждрело“, Драмски ќе одбележи 50 години од вселувањето во постојниот објект кој е донација на Британската влада. Билетите за оваа претстава ќе бидат симболични и ќе чинат 50 денари. На 4 март во 12 часот ќе има и свечено одбележување на јубилејот на сцената на Театарот.

Билетите треба да се купат до денот пред секоја од претставите кога чинат по 100 денари бидејќи на денот кога се играат, ќе бидат 150 денари.Билетарата на Драмски театар е отворена секој ден од 9 до 22 часот и во недела, од 12 до 20 часот.