Се отвора нов младински центар – Крик

Во недела, во 17 часот ќе почне да работи новиот младински центар „Крик“, сместен во скопската населба Пржино. Од центарот посочуваат дека местото ќе овозможи младите да го поминуваат своето слободно време, да се дружат, учат и готват.

„Тоа ќе биде Културен центар, лично на младите луѓе. И на тие од Чаир или Аеродром или Кисела вода… Место каде младите ќе можат да го направат тој, пресудниот потег, за крикот што кој им се зајанѕал во грлото да го пуштат да излезе“, велат организаторите.

„Крик“ кој ќе го одржуваат 20 млади, е сместен во пет простории на ул.Караџица 6. Центарот е реновиран со поддршка од кампањата „Мрдни со прст“, а ќе биде менаџирана од Националниот младински совет на Македонија.