Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција“

Францускиот институт во Скопје во четврток, (27 октомври) организира Саем за студии и туризам „Добредојде во Франција!“ што ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

Саемот, како што велат од Институтот, е одлична прилика за запознавање со сите можности за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практични прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети. Потоа, за здобивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис, и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор.

Освен информации за студии во Франција,  на овој ден ќе биде претставен туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на три региони: Корзика, Нормандија и Алзас.

Воедно, ќе бидат организирани и работилници за подготовка на CV и мотивациско писмо, отворени за посетителите на Саемот.