[Радио МОФ @ ADE] Ден 2 помина во знакот на Black Coffee и Pete Tong

Во текот на вториот ден од Amsterdam Dance Event, опсегот на настани кои се на редовната агенда сé повеќе се згуснува. Низ збиената агенда направивме листа на настани кои планиравме да ги посетиме. Вечерта ја почнавме со меко техно со примеси на звуци од Африка, односно го слушнавме уникатниот продуцент и диџеј, Black Coffee во рамки на Boiler Room.

Програмата ја дополнија Blond:ish, Satori, Ryan Murgatroyd и Audiojerk. Инаку овој настан Boiler Room го организира заедно со непрофитната организација Bridges for Music, која преку музични настани собира фондови со кој помага различни социјални аспекти во земјите во развој. Влезот беше бесплатен, но претходно беше потребно да се направи резервација. При самиот влез секој посетител даваше по 10 евра кои во целост се донираа.

Наредно место кон кое се упативме беше клубот AIR, кој се наоѓа во населеното место Амстел. Вечерта беше во организација на ткн. „глобален амбасадор на електонската музика” Pete Tong, заедно со неговите гости на вечерта. Насловот на забавата гласеше „All gone Pete Tong”. Вечерта ја отвори финецот Yotto, по него следуваше Joe Goddard, Dusky, за пред крајот и кулминација на забавата да направат домаќинот Pete Tong B2B Patrick Topping. Спој на англиски тил на progressive techno. Последните два часа беа резервирани за Butch и Cristoph, кој настапи на местото на Heidi која поради здравствени проблеми ги откажа сите настапи на ADE.

Од центарот на градот се упативме северно кон индустрискиот дел на Амстердам, каде во индустриски хали и стоваришта се одржува журка под капата на DGTL X во соработка со Mosaic. Таму го проследивме настапот на Maceo Plex. Иако очекувавме многу подобар перформанс, журката продолжи во еден ритам и како да изостана кулминација. Но сепак од овој настан не си отидовме комплетно без импресии. Целата организација на настанот, кој е лоциран во индустриска зона каде до местото се стига со траект и каде е обезбедено целосна нфраструктура која треба да прими и да испрати повеќе од 4000 луѓе, остава импресии.

Полека се спремаме за ден 3 каде сé повеќе се загрева атмосферата и журките стануваат сé помасовни.

Инаку во рамките на ADE се организираат голем број хуманитарни акции и забави. Една од нив е и вечера за бездомници, која е во организација на ADE и иницијативата за добротворни цели 10.000 HOURS, кои собираат средства за млади со посебни потреби.

Александар С. и Огнен Т.