Демонстрантите истиснати од пред партискиот штаб на ВМРО ДПМНЕ

Со петарди и бакљи, но и шишиња и камења, демонстрантите го искажаа својот револт од владејачката партија пред партискиот штаб на ВМРО ДПМНЕ во центарот на Скопје. Кордонот од полиција полека ги истасна демонстрантите и не им дозволи да дојдат блиску до штабот истинувајќи ги кон улицата. Како што јавува репортерката на Радио МОФ, граѓаните се опколени од полиција.

„Лопови“ и „Убијци“, извикуваше револтирана толпа од неколку илјади граѓани.

Тие се собраа во шест часот пред Собранието, за да продолжат кон канцеларијата на претседателот и штабот на ВМРО ДПМНЕ.

Со протестите кои секој ден во исто време ги најавува неформалната група #Протестирам се бара итно ослободување и отфрлање на какви било обвиниенија против 13-те приведени демонстранти по синоќепните протести, оставка на Претседателот на Републиката поради обидот да ги аболицира криминалците, отпочнување процес за избор на експертска влада, но и итно суспендирање на процесот за распишување избори.