Полиција упадна во простории на Универзитетот МИТ

Полиција направила претрес во три објекти на МИТ универзитетот во Скопје и еден во Македонски брод за да се обезбедат докази за незаконско работење, по барање на Основното Јавно обвинителство.

Како што објавуваат провладини медиуми, повикувајќи се на полициски извори, станува збор за полициска акција под кодното име „Еразмус 2“.

Од МВР засега нема официјални информации за случајот.

Постои сомнеж дека станува збор за одмазда, бидејќи во МИТ како професори беа вработени еднодневниот министер, а сега заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов и Тони Науновски од ГДОМ, кои добија отказ.