Почина Крис Корнел, пејачот на „Soundgarden“ и „Audioslave“

Крис Корнел – водечкиот вокал на групите „Soundgarden“ и „Audioslave“, почина на 52-годишна возраст, соопшти неговиот портпарол.

Во изјава за Асошијетед прес, Брајан Бамбери, рече дека Корнел починал синоќа во Детроит, „ненадејно и неочекувано“.

Причината за смртта се уште е непозната. Семејството на Корнел замоли за приватност додека трае истрагата.

Корнел беше познат по неговата улога како главен вокал во двата бенда и пеејќи ја „You Know My Name“, тематската песна за филмот „Казино ројал“ за тајниот агент Џејмс Бонд. Тој требаше вечерва да има концерт на американскиот фестивал Rock the Range, а последен пат се појавил на сцена на 4 мај со членовите на „Soundgarden“.

//