Отворен повик за учесници на младинска размена во Бугарија

НВО „Хуманост“ го сподели отворениот повик за шест учесници на возраст од 18-29 години за учество на младинска размена на тема „Социјална инклузија на младите“. Размената ќе се одржи во периодот од 17 до 23 септември 2017 во Видин, Бугарија. Повикот е отворен до 25 август, 2017 година. Избраните учесници ќе бидат контактирани по е-маил.

„Социјална инклузија на младите“ е дел од програмата за младинска размена Еразмус +. Во проектот учествуваат шест држави, Бугарија, Грција, Романија, Македонија, Турција и Чешка. Проектот има цел да креира методи и најде начини за инволвирање на младите, социјално изолирани лица од млаите градови во општеството.

Размената ќе се одржи во септември во градот Видин, Бугарија и ќе бидат вклучени 42 млади луѓе на возраст од 18-29 години. Ќе се работи на изготвување презентации, дебати, симулации, играње улоги, споделување на искуства на темата. Учесниците че добијат сертификати, а сработените материјали и проектот ќе бидат промовирани преку конференции, публикации на веб-страниците на партнерите, како и посебни презентации кои секоја земја-учесничка ќе ги работи по размената. Целта е зголемена свест на многу млади луѓе за можностите за решавање на проблемите поврзани со адолесцентската социјална изолација во помалите места.

Аплицирањето се прави на следниот ЛИНК .