Отворен ден за нови членови во Младински образовен форум

Во петок (13.10.2017), со почеток во 11 часот па сè до 17:00, Младински образовен форум во своите простории на ул. „Дренак“ бр.34A, организира отворен ден за нови членови.

За време  на отворениот ден, заинтересираните млади ќе имаат прилика да се запознаат со активностите на Младински образовен форум и програмите во кои можат да се зачленат.

Доколку имате интерес за аргументирана дискусија и дебата, основите на правниот систем или пак креативен активизам, Ве покануваме да нè посетите во петок, да погледнете што МОФ нуди преку своите програми и да ја одберете најсоодветната програма за вас.

Повиците за нови членови се сè уште отворени, па овој  настан може да го искористите за повеќе да се информирате, а воедно и да се запознаете со  дел од предавачите и програмските тимови, како и да видите во кои простории ќе се одвиваат активностите во рамките на Медиа/Арт, Учиме право и Дебатниот клуб.

Од страна на тимот на МОФ ќе бидат презентирани тековните програмски активности, дополнителните неформални предавања, посети на институции, дебатни турнири, настани, изложби и креативни работилници.

На линковите подолу може да ги најдете  повиците за нови членови и нашата Фејсбук страна.