Омер Фарук Текбилек на отворањето на „Скопско лето 2017“

Манифестацијата Скопско лето оваа година ќе се одржи по 38-ми пат, а организаторите најавуваат дека за свеченото отворање во Македонска опера и балет ќе се одржи концерт на Омер Фарук Текбилек со неговиот ансамбл.

Концертот ќе започне во 22 часот, на 21 јуни, Светскиот ден на музиката и првиот ден од летото.

Инаку,  Омер Фарук Текбилек е турски музичар и композитор, кој свири различни дувачки, жичени, перкусионистички и електронски инструменти. Тој разви стил базиран врз традиционалната суфи музика, но низ годините инспирација му се и амбиентални електронски музичари.

Неговиот ансамбл во Скопје го сочинуваат Александро Гвис на клавијатури, Бахадир Сенер на канон, Федерико Ферандина на гитара, Ратко Даутовски на перкусии и Вагелис Карипис – тапани/перкусии.