Од 1 октомври забрането е да се пушта и српска музика

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП), на барање на Организацијата на српските музички автори – СОКОЈ, забранува јавно емитување на српска музика на сите радио и телевизиски станици на територијата на Република Македонија.

„Забраната стапува на сила почнувајќи од 1 октомври 2016 година, а ЗАМП Македонија е овластена да ги преземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на СОКОЈ, а врз основа на склучените меѓусебни договори за реципроцитет“, стои восоопштението на ЗАМП.

„Како што стои во известувањето на СОКОЈ, причините за донесување на одлуката за забрана за користење на репертоарот на СОКОЈ произлегува од фактот дека со издадената дозвола од Министерството за култура на РМ на организацијата СОКОМ МАП и предложениот од нивна страна Правилник со тарифа за користење на авторски музички дела е направено намалување за 50% во однос на јавното соопштување на авторските музички дела, споредено со предлогот на ЗАМП, а пак во делот на емитување и реемитување предлогот е за околу 100% понизок.“

Претходно, на 20 септември. стапи во сила забраната за емитување на музика од автори кои што се членови на ЗАПМ.