Ново издание на „Јапанорама“ во МКЦ

После летната пауза „Јапанорама“ се враќа на сцената на 20 септември (недела) во МКЦ клуб ресторан, со почеток од 16:30 часот.

Центарот на вниманието на 42-то издание на манифестацијата, наменета за аниме фановите, ќе бидат аниманга конвенциите и како тие влијаат во популаризацијата на аниме индустријата во светот, со конкретен нагласок на овогодишниот настан Јапанизам во организација на белградска Сакурабана.

Настанот ќе се заокружи со проекцијата на The Children Who Chase Lost Voices на Макото Шинкаи, кој според многумина е наследник на работата на Хајао Мијазаки, легендата на јапонската анимирана кинематографија.

Влезница со консумација е 100 денари.