Новата еврообврзница понудена на пазарот со камата од 5%

Македонија ја понуди еврообврзницата на светските берзи, а каматата за неа ќе изнесува 5 проценти, објави „Ројтерс“.

Рокот на доспевање е седум години, а како главни банки кои управуваат со продажбата „Сити груп“, „Дојче банка“, „Ерсте група“ и „Сосиете женерал“.

Одлуката за издавање на новата еврообврзница наиде на силни критики во јавноста, а беше повод и за последниот голем протест во Скопје на Шарената револуција. Граѓаните кои излегоа на улица предупредија дека јавниот долг  постојано расте, а мото на протестот гласеше „1,1 милијарди причини за крај“. Со него тие порачаа дека не ги признаваат „долговите на расипниците“.