Нов „тизер“ на Горилаз со „The Book Of Murdoc“

Бендот The Gorillaz веќе некое време објавува најави за својот престоен албум, кој според она што досега беше објавено, треба да излезе на почетокот на 2017 година.

Минатиот месец тие објавија мултимедијална приказна на социјалните мрежи Инстаграм и Твитер насловена „The Book Of Noodles“, две недели откако тие ја објавија и The Book Of Russel.

Сега, тие објавија нов „тизер“, овој пат насловен „The Book Of Murdoc“. Тој ја следи приказната на басистот во групата, а дејството се движи од стара подморница, се до новиот стан во западен Лондон.

Во продолжение, може да се погледне „The Book Of Murdoc“: