Наскоро во јавност – последниот, недовршен филм на Орсон Велс

Последниот, недовршен филм во режија на Орсон Велс, „Другата страна на светот“, што се смета за најпознатиот никогаш објавен филм, наскоро би можел да биде прикажан.

Наскоро во јавност последниот недовршен филм на Орсон Велс

Њујорк Тајмс објави дека денеска продукциската куќа од Лос Анџелес, Royal Road Entertainment, постигнала договор за откупување на правата за овој филм и тоа дека продуцентите сакаат да го прикажат филмот на стогодишнината од раѓањето на Велс, на 6 мај.

Поради сложените судски спорови меѓу носителите на правото на ова дело, вклучувајќи ја и ќерката на Велс, Биатрис Велс, биле спречувани бројните обиди филмот да се заврши, пишува Њујорк Тајмс.

Филмот е снимен со мал буџет, со актери кои што му биле достапни на режисерот, од Аризона до Шпанија. Режисерот Питер Богдановиќ, којшто се глуми себеси во филмот, ќе работи на монтирањето на недовршениот материјал.

Тој за Њујорк Тајмс изјавил дека е спремен да го исполни ветувањето на Велс од седумдесетите.

Велс за време на неговата кариера секогаш имал проблеми со големите холивудски студија, особено кога била во прашање монтажата и конечната верзија на филмот. Тој е намногу познат по својот филм „Граѓанинот Кејн“ што се смета за еден од најдобрите филмови, како и по филмовите „Величенствените Амберсонови“, „Семе на злото“ и „Полноќно ѕвонење“.

Од својата актерска кариера, за светската и балканска публика е познат по својата улога во филмот „Неретва“ на Вељко Булаиќ.

Извор: B92