„На Точак“ со анкета за украдени велосипеди

Граѓанската иницијатива „НаТочак“ сподели анкета со цел собирање информации од велосипедската заедница за отсликување на моменталната ситуација на тема украдени точаци. Наодите од анкетата, како што информираат, ќе бидат споделени со граѓаните и со надлежните институции.

Анкетата е кратка, така што за нејзино одговарање се потребни најмногу 5 минути.

„Со учество во анкетата ќе помогнете во добивање попрецизна слика за проблемот со крадење точаци и во поставување почетна точка за справувањето со проблемот и негово намалување. Слободно споделете го линкот од анкетата со вашите пријатели, секој одговор е значаен“, се вели во онлајн анкетата.