Мирен марш на младите европски федералисти во Македонија за поддршка на евроинтеграциите на 25 март

Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија) во соработка со паневропското младинско и политичко движење на младите европски федералисти (ЏЕФ Европа) го организираат пролетното Федерално собрание на ЏЕФ Европа – клучен политички настан на нашето движење.

Во рамки на овој настан, исто така е планирана е улична акција со учесниците на Федералното собрание.

Оваа улична акција ќе биде мирен марш низ центарот на градот, а планирана е да се одржи на 25-ти март (недела).

Преку оваа улична акција ќе се испрати порака за европското единство и поддршка за евроинтеграциските процеси на Република Македонија и државите од Западен Балкан, информираат од здружението.