Кривични пријави за три лица поради прскањето со спреј во „Арсени Јовков”

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица за прскањето со спреј во Средното економско – правно училиште ,,Арсени Јовков“, по што десетина ученици беа принудени да побараат лекарска помош.

Пријавата е поднесена против две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години како и против Н.Џ.(20),  тројцата од Скопје поради основано сомнение за вршење кривично дело ,,предизвикување општа опасност“.

Тие на 30 септември во периодот од 15:45 до 16:15 часот, за време на големиот одмор во средното училиште ,,Арсени Јовков” од Бутел, испрскале неколку ученици и дел од просториите од училиштето.