Консултации за образование за сексуално и репродуктивно здравје

ХЕРА и Филозофскиот факултет го организираат еднодневниот настан „Консултации за образование за сексуално и репродуктивно здравје“ кој ќе се одржи на 28 октомври 2016 година, со почеток од 9:15 часот на Филозофскиот факултет во Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Главната цел на настанот е да се поттикне стручна дебата за потребата и за начините на унапредување на образованието и на наставните програмите за сексуално и репродуктивно здравје.

Говорници/чки на настанот ќе бидат професори и професионалци кои од академска перспектива се занимаваат со различни аспекти на сексуалното образование. На советувањето ќе се обрати и проф. Александар Штулхофер, Катедра за социологија, оддел за сексуалност на Филозофскиот факултет, Загреб, кој има значително академско искуство и трудови на теми од сексуалното образование и неговата имплементација.