Концерти на „Охридско лето“ ќе се пренесуваат во живо преку интернет

Дел од настаните на годинешното издание на програмата на реномираниот фестивал „Охридско лето“ ќе бидат пренесувани во живо преку интернет, соопштија организаторите.

Концертите на Камерниот оркестар на Битола и Влатко Стефановски, „Рок Симфонија“, кој на сцената „Долни Сарај“ е на 16-ти август и Вечерта на романтична музика за виола со Блерим Груби и Марија Вршкова на 19-ти август во црквата „Света Софија“, ќе може да се следат во живо на веб-страницата на „Охридско лето“ – www.ohridskoleto.com.mk.

Видеопреносот е новина што се практикува на сите светски фестивали. „Охридско лето“ велат дека ја воведуваат ваквата практика на веб-продукција со цел фестивалот да се доближи до најсовремените  технолошки IT достигнувања.