Кафуле во Истанбул со изглед инспириран од серијата „Breaking Bad“

Претприемачот Deniz Kosan го отвори кафулето наречено Walter’s Coffee дизајнирано според неговата омилена серија „Breaking Bad“. Кафулето е отворено во Истанбул, на крајот на март оваа година во Мода, Кадикој, Турција.

Сопственикот тврди дека има братучед кој изгледа како Walter White, главниот лик во серијата, со наочари, ќелава глава, мустаќи и брадичка.

Kosan и неговиот братучед дошле до оваа идеја, бидејќи сфатиле дека постои недостаток на оригиналност во прехранбената индустрија. Тие не користат официјално име, лого или пак бренд, туку ги имаат истите работи што и секој обожавател на серијата „Breaking Bad“.

Погледнете како изгледа ова кафуле инспирирано од серијата: