Јавен повик за Волонтерски награди 2017

Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди во Република Македонија. По дванаесетти пат МКЦ Битола упатува јавен повик до сите граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа да предложат волонтери/волонтерски иницијативи/волонтерски програми за:

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2017 ГОДИНА

Предложените волонтери/ волонтерски иницијативи/ волонтерски програми треба да ги исполнуваат следните услови:

–          Иницијативите/ програмите да се реализирани во Република Македонија

–          Предложените волонтери да се граѓани на Република Македонија

–          Да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2017 година

За предложените волонтери/иницијативи/програми треба да се испрати кратко образложение (до максимум 200 зборови), зошто подносителот смета дека треба да го добијат признанието (со краток опис на волонтерскиот ангажман/програма и контакт податоци на волонтерот или волонтерската иницијатива/организација).

Краен рок за доставување на предлозите е вторник 28 ноември 2017 година до 16.00 часот на следната е-маил адреса: mkcbt@t.mk со назнака: Златен сертификат 2017.

Наградените ќе бидат известени до понеделник 4 декември 2017, а јавно ќе бидат објавени во вторник на 5 декември 2017 година.