[Инфографик] Може ли новинарското образование да ја подобри медиумската состојба во Југоисточна Европа?

„Непрофесионалност на медиумите во Југоисточна Европа (ЈИЕ). Ниски плати за новинарите. Лоши и често небезбедни услови за работа. Ова се само некои од проблемите со кои се соочува медиумската сфера во регионот. Дали новинарското образование може да ја подобри ваквата состојба?“.

Ова се дел од прашањата во инфографикот од истражувањето „Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа“ на Високата школа за односи со јавност и медиуми, а изработено во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите во ЈИЕ“.