Илјадници протестираа во Париз против абортусот

Десетици илјади демонстранти вчера излегоа на улиците во Париз за да протестираат против абортусот и законот кој забранува веб-страници кои се „за живот“, бидејќи ширеле „лажни информации“ за прекинувањето на бременоста.

Демонстрациите се случуваат еден месец пред претседателските избори во Франција, на кои десничарот Франсоа Филон, од Републиканската партија, вели дека лично е против абортусот, но дека нема да го направи илегален само за да победи.

Претседателот на Фондацијата „Жером Лежон“, Жан Мари Ле Мене, ги повика претседателските кандидати да направат политика за јавно здравје која ќе се бори против абортусот. Тој гo осуди законодавство бидејќи го направил абортусот вообичаена работа.

Десничарскиот политичар Филип де Вилиер, без користење на името Фијон, укажа на она што тој го нарекува „целосно лицемерен” став кон абортусот во предизборен период.

„Некои политичари ја натопија раката во света вода и одеднаш велат дека абортусот е неприфатлив”, рече тој.

Секоја година, Франција евидентира околу 220 000 абортуси, кои се законски, од 1975 година. Се проценува дека една Французинка од три подлежи на оваа процедура во нејзиниот живот.