Хуманитарен концерт на Тони Китановски Трио за настраданите во поплавите

Триото на Тони Китановски најавува хуманитарен џез концерт во среда (11 февруари) во скопскиот клуб „Jazz Inn“ на кој ќе се собираат пари за помош на луѓето кои настрадаа во поплавите.

Сите собрани средства, најавуваат од Триото, ќе бидат донирани на една од отворените жиро-сметки од Црвениот крст.

Влезница нема да се наплаќа, но на самиот влез ќе биде поставена кутија означена со симболот на Црвен крст. Триото е составено од Тони Китановски – гитара, Виктор Филиповски – тапани и Кирил Туфекчиевски – бас.