Гладни Венецуелки ја пробиле границата со Колумбија во потрага по намирници

Десетици жени во Венецуела ја пробиле барикадата на границата со Колумбија со една цел – да најдат храна.

Локалните медиуми во пограничниот колумбиски град Кукута процениле дека имало повеќе од 100 луѓе, повеќето жени, кои ја преминале граничната контрола за да купуваат.

Инфлацијата и падот на цената на нафтата доведе до драматичен недостиг од храна во Венецуела, а државната граница Тахира беше особено погодена од ситацијата. Во изминатите неколку недели се случувале бројни грабежи и безредија поради храната.

„Ние одлучивме да ја преминеме границата бидејќи нема храна во нашите домови, а нашите деца се гладни“, вели една од жените кои вчера ја пробија границата со Колумбија.

Венецуела еднострано ја затвори својата граница со Колумбија на почетокот на август минатата година, велејќи дека нејзината субвенционирана стока била прошверцувана. Во тоа време, колумбиските градови во близина на границата биле преполни со венецуелски производи, вклучувајќи ориз, брашно и бензин поевтин од водата.

Отвореното спротивставување на војската на Венецуела доаѓа во период кога државата е во длабока економска, општествена и политичка криза.