[Галерија] Најдобрите улични фотографии за 2017

Од интимни наративи до преполни пазари и свет гледан од кучешка перспектива, прогласени се најдобрите улични фотографии на Ленс Калчр (LensCulture) наградите кои ја слават експлозијата во популарноста на оваа медиумска форма изминатава деценија.

Фотографската мрежа Ленс Калчр, која има и онлајн списание, велат дека биле пријавени иновативни улични фотографии од 139 светски земји, кои навистина ги инспирирале да ја гледаат улицата со свеж поглед.

„Секогаш е фасцинантно да се добие увид во она што се создава во одреден фотографски сегмент. Големиот опсег на пријавените фотографии на Ленс Калчр наградите се одлични и нудат вистински увид во тоа како размислуваат надоаѓачките и етаблираните фотографи за уличната фотографија денес“, вели членот на жири-комисијата Оливие Лорен, уредник на фотографија за Вашингтон Пост.

Помеѓу финалистите се најдоја 37 фотографи, а победниците беа поделени во категориите „поединечна фотографија“ и „серијал“.

1 место „поединечна слика“ – „Човечки поглед“ / Moin Ahmed

2 место „поединечна слика“ – „Мали кромидчиња“ / Artyt Lerdrakmongkol

3 место „поединечна слика“ – „Кучешка забава“ / Ilan Burla

1 место „серијал“ – „Без здив“ / Hakan Simsek

2 место „серијал“ – „Фрагменти“ / Alberte A Pereira

3 место „серијал“ – „Носталгија“ / Antonio Privitera

„Уживав гледајќи ги сите овие дела, бев изненадена, воодушевена, а на моменти и збунета од разноликоста на сите пријавени фотографии, кои навистина прикажуваат различни приоди кон уличната фотографија. Можам да кажам дека пријавите навистина ги прошируваат границите на жанровската дефиниција, што на жирито им даде можност да дискутираат што навистина е улична фотографија, а што не е“, вели Моли Робертс, главен уредник на фотографија во магазинот Национална Географија, која исто така била дел од жирито.

Во продолжение и неколку од фотографиите кои влегоа во финалниот избор. Сите дела и детали за фотографиите и авторите, можете да најдете ОВДЕ.

„Склучување договор“ / Автор: Joseph Cheung

„Удар“ / Автор: Irfan Licina

„Сцена на светлина“ / Автор: Tan Kraipuk

„Чадор револуција“ / Автор: Pablo Weber

„Отровно срце“ / Автор: Alexandre Grand