[Галерија] Најдобрите фотографии од вселената за оваа година

Комисијата на натпреварот за најдобра астрофотографија, Insight Astronomy Photographer of the Year 2016, неодамна ги објави најдобрите фотографии за оваа година со астрономски мотиви. Од таа 31 фотографија, на 15 септември ќе бидат прогласени победниците во неколку различни категории.

Натпреварот, кој секоја година го распишува Кралската опсерваторија Гринич, во соработка со Insight Investment и BBC Sky at Night Magazine, се одржува по осми пат. Годинава добиле рекордни 4500 фотографии од аматери-ентузијасти и професионални фотографии од повеќе од 80 земји од светот.