Футуристичките споменици на Југославија, редизајнирани од Зоран Карудла

Уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула на Bored Panda објави своја колекција на илустрации од познатите југословенски бруталистички споменици.

Овие споменици го претставуваат отпорот, војните, но и соединетоста на југословенските народи низ историјата, пишува Кардула во објавата.

И покрај нивната историска важност, она што ги прави посебни е уникатниот стил. Иако спомениците биле создадени во 20-тиот век, 40 години подоцна се уште изгледаат пред своето време.

„Нивниот футуристички изглед создава чувство дека си дел од некој научно-фантастичен филм, како „Војна на ѕвездите“. За жал, некои од нив се заборавени и напуштени, но се надевам дека моите дека ќе ги потсетат сите на овие ремек-дела кои се лоцирани насекаде низ поранешна Југославија“, вели Кардула.

Futuristic-monuments-of-old-Yugoslavia-587c95916e9a7__880