„Фотософиа 12“ – конкурс за семинар за напредна фотографија

Отворен е конкурс за семинаристи од дванаесетата последователна Фотософиа, бесплатен седумдневен семинар за напредна фотографија, предводена од Дамир Хојка, кој се оддржува во средината на јуни во Хрватска.

И оваа година петнаесет избрани семинаристи на предавања и тематски фото сесии ке дознаат како да се сними добар портрет, модна, рекламна и уметничка фотографија.

„Се радувам што наскоро ќе изберам нова генерација на Фотософи со која ќе бидеме повеќе од 180. Моите асистенти и јас ќе се обидеме да им овозможиме на студентите да направат напредок во фотографскиот израз, да ја откријат во себе новата креативност и ги пробијат нивните граници“, вели Хојка.

Оваа година продолжува соработката со Амбасадата на Кралството Шпанија во Хрватска. Откако минатата година на семинаристите предавање им оддржа мадридскиот фотограф Хавиер Салас, оваа година на Фотософиа доаѓа уште еден Шпанец, Пабло Алманса, фотограф од Мадрид кој на 16 јуни – со приказ на неговите дела – ќе одржи предавање „Моите портрети и актови“. Познатиот Шпанец во својата кариера има фотографирано многу познати актери, спортисти и музичари како Хавиер Бардем, Леона Луис, Крег Дејвид, Ени Ленокс, Пласидо Доминго, Марио Варгас Љоса и Давид Виља…

Влезот на предавањето е бесплатен, а сите заинтересирани ќе можат да се пријават и да добијат Алманасов коментар ѕа своето портфолио.

Низ темата на „Селебрити портрет“ семинаристите ќе фотографираат познати личности. Во последниве години фотографите на Хојка снимија многу ѕвезди од Хрватска и регионот, како што се Давор Гобац, Рене Биторајац, Дорис Пинчиќ, Миле Кекин, Ведран Мликоѕа, Бруно Шимлеша, Срѓан Гојковиќ Гиле, Зоран Предин, Барбара Колар… со што фотографиите се објавени во водечките медиуми, исто како и фотографиите направени за време на снимањето на темата “Мода“.

Конкурсот е отворен до 10 мај 2017 година, а семинарот ќе се одржи од 11-18 јуни 2017 година во Терме Тухељ. За начините на аплицирање, повеќе информации може да се добијат на страницата www.fotosofia.info.

//