[Фото] Многу љубов и забава во Градски парк, се одбележува Денот на Боб Марли

Петнаесетта година по ред се одржува „Ден на Боб Марли“, настан кој од година во година расте и по големина, и по вредност.

Секоја година неколку илјади посетители се собираат во Градскиот парк во Скопје, каде настапуваат голем број музичари и диџеи, кои преку нивната музика ја пренесуваат универзалната порака на мирот.

Настанот денеска започна во 10 часот, а завршува во 1 часот после полноќ. Во продолжение, погледнете ја дел од атмосферата.