[Фото] Млади од Црвен крст лица помагаа на лица со психички нарушувања

Младите од Клуб на млади на Црвен крст на Град Скопје, во рамките на ПХВ програма (Промоција на хумани вредности) за 2017 завршија проект кој ќе им го смени животот на две лица, информираат од Црвен крст.

Станува збор за чистење и преуредување на стан во центарот на Скопје во кој живеат две лица со психички нарушувања.

„Група од неколку младинци кои работеа на овој проект го исчистија станот, поставија ламинат, ги искречија ѕидовите и преку поддршка на колегиоте од Црвениот крст и граѓаните обезбедија покуќнина за полесен втор почеток. Тие многу лично се ангажираа за целиот случајот и обидувајќи се да им ги олеснат животот на целните групи, тие всушнот го сменија и својот живот. Младите научија дека поддршката на поединци во нашето општество е значајна за целата заедница и дека промените можат да ги прават и тие, без разлика на нивните години“, велат од Црвен крст.

Во рамките на ПХВ програмата оваа година се сработени 173 мали проекти од страна на 1.157 младинци преку кои им е помогнато на 4.977 лица.