Евакуирано основното „Братство-Миѓени“ во Тетово поради закани

Електронска пошта со идентична, заканувачка содржина во исто време пристигналa на адресите на повеќе вработени од основното училиште„Братство-Миѓени“ во Тетово, пренесува МИА.

Фото: МРТ

Фото: МРТ

Во мејлот пишувало: „Напуштете го објектот многу брзо, инаку ќе се случи нешто лошо“, по што учениците и наставниците биле евакуирани од училиштето, а случајот веднаш бил пријавен во тетовската полиција.

МВР ја утврдува состојбата и веродостојноста на заканата.