Џез концерт на светски познатиот „Милан Петровиќ квартет“ во Јавна соба

Во рамки на џез програмата  „Show Room” во Јавна соба во сабота ќе настапи  еден од најпознатите џез бендови од регионот, „Милан Петровиќ квартет”.

Милан Петровиќ е пијанист, композитор и текстописец, но музичката кариера и популарноста ја базира на настапи по целиот регион со својот квартет. Во 2012 се отскона со авторскиот албум „Excursion”, кој е изработен во соработка со 38 најпознати џез и блуз музичари од Европа (Васил Хаџиманов,  Душан Безуха, Wikluh Sky, Raw Hide, Blue Family и многу други) и за кој добива одлични критики на повеќе музички поратли меѓу кои и  Popboks.

Со почеток во 21:30 часот, ќе го претстават „Dates” нивниот последен албум издаден во 2016, но и ќе ги изведат и своите хитови кои и се одлично познати на македонската публика.

Влезот во Јавна соба е слободен, но навремена резервација за овакви програмски вечери е задолжителна, велат од организацијата.

Уредник на програмата “Show Room” е Марко Василевски, а продукцијата е на Јавна соба, која ги отвора вратите за сите социјално иновативни проекти.  “Show Room” e отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез сцена, која има за цел да го претстави музички потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.