Деветто издание на БОШ фестивал во Гевгелија

Проглас“ е последното издание на БОШ 9 кој ќе се одржува на 21 и 22 октомври во Гевгелија.

Новото издание, како што велат организаторите, помалку ќе зборува, а повеќе ќе кажува. За нив, ова издание ќе биде „манифест за посветеност, постојаност и континуираност на алтернативната уметничка продукција“.

Како дел од фестивалот, ќе се одржи изложба „Мистер Морган“. Тоа е последниот стрип на легендарниот плакат мајстор Игор Хофвбауер од Загреб. Овој мрачен и визионерски стрип инспириран од улиците на Нов Загреб е своевидна приказна за урбаните предградија на екс Југославија …. брут архитектура, бетон, мрачни сокаци, црни сенки и …. Базиран на комбинација од класичен американски андерграунд стрип и филм ноар, поп арт, германски експресионизам и руски конструктивизам „Мистер Морген“ e постапокалиптична приказна составена од 13 дела кои настанале во изминатите 10 години, без вишок на зборови, линии, точки или празни букви.

Потоа, ќе се одржи и изложбата „Плазма“. Тоа е стрип на сито штампа во издание на La Dernier Cri од Марсеј.

Со концерти ќе настапат Неџо и Љупа. За крај, ќе има и сет на DJ Jahvo.

Настанот е под покровилетство на Министерство за култура, во склоп на манифестацијата „Нов културен бран“.