„Damien Dubrovnik“, „String Forces“и „Vedis“ овој петок во Македонска филхармонија

Егзотичните „Damien Dubrovnik“, со локална поддршка од „String Forces“ и „Vedis“, на скопската публика ќе и приредат ново концертно доживување во петок (8 декември) во Македонската филхармонија.

Во соработка со фестивалот Таксират, деветтото издание на „Desonanz 2017“ во Скопје го носи несекојдневниот проект, !„Damien Dubrovnik“, на двајца од најпрославените модерни композитори во современата музика и сопствениците на културниот феномен и издавачка куќа „Рoshisolation“ од Копенхаген, „Loke Rahbek“ и „Christian Stadsgaard“. Настапите во живо на „DamienDubrovnik“ се легендарни не само поради техничката перфекција на звучниот дизајн во нивната музика, туку и по нивните луцидни сценски перформанси и неверојатната харизма која ја носат на сцена.

Публиката ќе има можност да го проследи и ексклузивниот проект на македонските етно-џез-експериментатори „StringForces“, во комплетен состав. Специјалниот аудиовизуелен перформанс насловен „Копај подлабоко” ќе понуди подлабок осврт на опусот на групата, со особен акцент на нивните музички експерименти подалеку од популарната музика, како и неколку уникатни верзии на препознатливите хитови.

Вечерта ќе ја отвори „Vedis“, електро-акустичниот проект на Клара која вооружена со својот глас и неколку инструменти ќе ја одведе публиката на магично аудио-визуелно патување.

„Desonanz “ е годишен фестивал кој истражува и експериментира со културните стандарди на мултимедијалната уметност, но и границите на колективната естетика.