„Да го поздравиш и да ми го бациш“ вечерва премиерно во Џебното кино на МКЦ

Вечерва, во Џебното кино на Младинскиот културен центар ќе се одржи премиерата на тетарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, со почеток во 21 часот.

Документарната претстава е авторско дело на Билјана Радиноска, а во претставата настапува одлична, млада актерска екипа: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска Костовска.

Темите кои се отвараат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и говорат за борбата за индивидуална слобода.

Каков треба да биде тетатарот денес? Неговото место во опшетството? Местото на младинците во општетсвото во кое живееме? Емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфлит помеѓу интутитивното и рационалното; Слика за вакум просторот помеѓу „како сакаме да биде животот“ и „како животот навистина е“ – се прашања и дилеми кои актерите на сцена ги поставуваат и бараат начин да ги одговорат.

По премиерата, следуваат две репризни изданија овој викенд, во иста време и локација.