Букеровата награда за книжевност за 2016 ја доби Американецот Пол Бити

Пол Бити стана првиот американски писател кој ја добил Букеровата награда, за својата сатирична книга за расистичката политика во САД, за која жирито вели дека го става на ист ранг со Марк Твен и Џонатан Свифт.

Педесет и четиригодишниот автор од Лос Анџелес ја доби наградата за книгата „The Sellout“, смешен роман чиј главен лик, иако е Афро-американец, сака да ги врати ропството и сегрегацијата.

Бити признава дека книгата може да биде тешка за читателите, но историчарката Аманда Форман, која беше претседател на жирито за оваа година, вели дека тоа не е лоша работа.

„Фикцијата не треба да биде комфорна“, вели Форман. „Вистината ретко е убава, а ова е книга која го приковува читателот на крст со веселост и откажување… Затоа овој роман функционира“.

Форман ја нарекува книгата „роман на нашите времиња“, особено во контекст на Black Lives Matter движењето.

„The Sellout е една од оние многу ретки книги, кои можат да користат сатира, која е многу тешка тема и не секогаш е направена добро, и да чепка директно во срцето на американското општество со дивјачки хумор кој не сум го видела од Свифт и Твен до денес“.

Додава и дека Бити со книгата успева да „го распарчи секое социјално табу и политички коректна нијанса. Иако нѐ смее, прави и да се расплачеме. Истовремено е смешна и болна“.

Бити заедно со наградата, доби и 50000 фунти. Освен „The Sellout“, има напишано и три други романи и три збирки поезија.