Блаже Миневски е автор на наградениот расказ „Во рогот на волот“

Блаже Миневски, новинар, раскажувач и драматург, е автор на расказот „Во рогот на волот“ што беше избран за најдобар на конкурсот за наградата „Живко Чинго“ кој традиционално го распишува Општина Охрид.

Миневски е добитник на бројни награди и принанија од областа на публицистиката и литературата. Наградата во вредност од 30 илјади денари ќе му биде врачена на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што секоја година на 13 август се одржува во Велгошти кај Охрид – родното село на Чинго.

Комисијата за доделување на наградата „Живко Чинго“ за расказот „Во рогот на волот“ образложувајќи ја одлуката појасни дека делото на Миневски се издвоило од останатите 57 пристигнати трудови со својата извонредна наративна изведба, притоа поигрувајќи се со парадигмите на надреалистичното искуство, актуелизирајќи го просторот на Македонија како крстосница на луѓе, времиња и народи.