Бесплатни обуки за напредни ИТ вештини, бизнис планови и подготовка за вработување

Агенцијата за вработување на Република Македонија објави повик за бесплатни обуки за напредни ИТ вештини, правење бизнис планови и подготовка за вработување. Обуките се наменети за млади лица до 29 години, со завршено најмалку средно образование и се евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа.

Обуките се во тек и ќе се спроведуваат заклучно со ноември 2017 година, а повикот за пријавување на обуките ќе биде отворен се додека се потполни таргетот слушатели за секоја обука. Пријавувањето се врши лично во Центарот за Вработување каде што лицето е евидентирано, со поднесување на лична карта.

Обуките се спроведуваат низ цела Македонија, секаде каде што ќе има минимум 6 слушатели во група. Исклучок е обуката за напредни ИТ вештини, која се спроведува во Битола и во Скопје, но на неа моѓе да учествуваат и лица од други градови.

Обука за подготовка за вработување и вештини за барање работа има цел да им се овозможи на младите лица, првенствено да се мотивираат активно да се вклучат во пазарот на трудот, а истовремено да совладаат вештини и знаења кои би им биле од корист при барањето работа. Обуката има два модули во зависност од предходно извршената категоризација на невработените лица согласно индивидуалниот план за вработување. Обуките се спроведуваат од страна на реномирани експерти од оваа област и траат од два до четири дена.

Обука и советување за претприемништво пак дава можност вашата бизнис идеја да ја формулирате во бизнис план кој ќе го изработите со поддршка на консултати кои имаат долгогодишно искуство во оваа област. Обуката помага во стекнување вештини од областа на претприемништвото и изработка на бизнис план, со кој потоа ќе може да се аплицира во програмата за самовработување за грант до 4.000 евра.

Обука за напредни ИТ вештини овозможува да се стекнат знаење и вештини од областа на информациската технологија. Во моментот има можност за учество на следните програмски јазици: JAVA и ISTQB. Со завршувањето на овие обуки ќе имате можност да се стекнете со меѓународно признаен сертификат. Пријавувањето се врши во Центарот за вработување во град Скопје.

Сите обуки АВРМ ги споведува во рамки на постојната имплементација на проектот ,,Поддршка за вработување на млади“ финансиран од ЕУ. За повеќе информации заинтересираните може да се обратат на е-пошта vesna.markoska@avrm.gov.mk или на телефоните 00389 2 3 21 30 70 (локал 103) и 00389 77 849 321.

Официјалниот повик за сите овие обуки може да се најде и на веб страната на Агенцијата за вработување www.avrm.gov.mk .