Жени од Саудиска Арабија објавија видео во кое ги исмеваат законите за возење

Откако било премиерно објавено на интернет минатиот месец, музичкото видео Hwages е прегледано повеќе од 2 милиони пати и стана причина за општа дебата во Саудиска Арабија.

Песната, заедно со видеото создадено од режисерот Маџед ал-Еса, прикажува група жени со скејтборди, како играат кошарка, возат колички-играчки и слично. Истовремено, носат светли патики и модерни фустани под традиционалниот црн никаб.

Иако песната се чини весела, текстот има сериозна поента. Hwages – што во буквален превод значи „грижи“, е напишана според друга фолк песна.

Веројатно најочигледната референца во видеото е прикажана на почетокот на видеото, кога жени стеснати во комби чекаат младо момче да ги вози. Во Саудиска Арабија на жените им е забрането да возат и не можат да полагаат за возачка дозвола. Иако некои жени, особено членови на бедуинските заедници и оние во јужните провинции, сепак возат, проблемот стана основа на борбата за еднаквост за жените во државата.

Видеото го потенцира и лицемерието на мажите во Саудиска Арабија, кои можат да возат и да патуваат во странство слободно.

Откако видеото беше објавено на 23 декември, беше споделено на Твитер од поранешната жена на саудискиот принц Ал-Валид ин Талал. Најголемиот и најстариот весник во државата, Ал-Билад, поради спотот пишува дека „доаѓа нова генераија на жени, поразлична од минатите“.