Здружението на правници – Роми нуди бесплатна правна поддршка на засегнатите од „Јавна соба

 

По објавената сторија на една од жртвите на ,,Јавна Соба’’, во која девојка одлучи јавно да зборува за нејзиниот случај на онлајн злоупотреба и со тоа да помогне да се подигне свеста на јавноста за овој проблем, Здружението на правници – Роми одлучи бесплатно да ги стави на располагање своите правни ресусни капацитети во интерес на жртвите од Јавна Соба.

„Јавно ги повикуваме сите жртви на ,,Јавна Соба’’, вклучително и жртвата која јавно истапи во врска со нејзиниот случај на злоупотреба, бесплатно да ни се обратат за правен совет и поддршка за пријавување на постапките пред надлежните институции. Нашата крајна цел е да обезбедиме целосно уживање на правата од страна жртвите и да правно да ги заштитиме во согласност со законските регулативи“, истакнаа од Здружението.

Здружението на правници – Роми е независна непрофитна асоцијација формирана во 2015 година, со цел да го застапуваат правниот интерес на ромската заедница, да влијаат на власта, да поттикнат јавни мислења, да иницираат политики и преку законодавна анализа и да се залагаат кон промени.

Сите засегнати можат да го контактираат Здружението на правници – Роми на romalawyersmacedonia@gmail.com или да испратат порака на ФБ страната на здружението „Roma Lawyers Association“.