Завршна изложба на студентите од Семос Академијатa за графички и веб дизајн

Академијата за графички и веб дизајн под покровителство на Семос Едукација организира 15-та по ред завршна изложба на студентите од генерацијата 2017/18.

Изложбата насловена „Умни глави – топ дизајни“ ќе биде отворена на 1 јуни со почеток во 20 часот во Културно информативниот центар – КИЦ.

Студентите од програмата за графички дизајн ќе се претстават со повеќе од 150 графички решенија, како најуспешни и најкреативни проекти на кои работеле во изминатиот период, како што се:  плакати на разни теми, логоа и корпоративен идентитет, дигитални манипулации на фотографија, дигитални илустрации, дизајн на публикации.

Студентите од програмата за веб дизајн ќе се претстават со оригинални веб проекти со прилагодлив дизајн на разни уреди и применети UX/UI кориснички принципи, како што се: сопствени е-портфолија и динамични веб страни за реални и измислени клиенти кои содржат програмерски дел, галерија и мултимедијални содржини.

Годинешните проекти се наменети за потребите на три институции: ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, ЈЗУ Геронтолошки Завод „13 Ноември“ и Федерација за планинарски спортови на Македонија, што резултираше со оригинални решенија изразени во разни графички форми на маркетинг и рекламирање.