Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на годинава

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат и во декември, наместо до 30 ноември, одлучи Владата на вчерашната седница.

На предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука да се измени Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.

Последната одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот беше донесена кон крајот на септември.