Трговците да прибавуваат задолжителни количества овошје и зеленчук, одлучи Владата

Владата вчера донесе одлука трговците кои продаваат овошје и зеленчук, да прибавуваат и продаваат 70 проценти од количествата кои ги продале во јануари и февруари.

Оваа одлука е предвидено да важи до крајот на април, посочија од Владата.

„Заклучено е дека е потребна ваква одлука, како што соопшти предлагачот, Министерството за економија, по координативниот состанок на надлежните институции во врска со предметното прашање“, додаваат од Владата.

Ваквата одлука доаѓа по последното замрзнување на цените на 11 видови овошје и зеленчук. Со таквата владина одлука од 3 април  беа опфатени свежите домати, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперките, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот.

Владата ги замрзна цените на 11 видови овошје и зеленчук