Второ издание на When in Krusevo овој викенд

Фестивалот When in Krusevo, наменет за сите љубители на адреналински авантури, годинава ќе се одржува од 30 јуни до 1 јули.

Второто издание, како што информираат организаторите, ќе понуди викенд со многу активности и забана на отворено, или поточно на над 1000 метри надморска висина. Ќе се одржуваат спортски настани и тури – мала и голема планинарска и велосипедска тура, планинска трка со TREX, кајакарење и SUP со Kayak Adventures / Кајак Авантури, тандем параглајдинг со Heli XC, off-road уживање со бубите на The Beetles Club, кросфит часови со Fitness Challenge, нуркање за почетници и уште многу други активности.

Во Програмата за фестивалот е предвидена и зона за игри и забава за најмалите авантуристи, за повозрасните ботаничка тура, а учесниците на фестивалот ќе може да ги посетат и Македониумот, Спомен куќата на Тоше Проески и Галеријата на Никола Мартиноски.

За најголемите авантуристи е организирана камп зона покрај крушевското езеро со тоалети и тушеви.

Вечерите се резервирани за забава со Игор Џамбазов и Гуру харе, Beta House Band, и наградуваната реге атракција од Јамајка Inner Circle.

Резервации може да се направат на When in X или MkTickets или во Југотон и Универзална сала.