Втор саем за кариера „Кариерен експо 2014“

Младинскиот совет на американската амбасада го најавува вториот саем за кариера „Кариерен експо“  кој на 14 ноември ќе се одржи во Универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски”.

10374489_720193158073939_3489299246000323636_n

На еднодневниот настан кој ќе трае од од 12 – 18 часот ќе учествуваат претставници на американската амбасада, дипломати, бизнисмени, но и граѓански организации. Притоа ќе се претстават триесет компании од Македонија кои ќе нудат отворени позиции во своите редови.

Присутните на „Кариерен експо“ ќе може да учествуваат на некоја од деветте работилници, ќе имаат можност да разговараат со работодавачите како и да имаат пробни интервјуа и помош при изработка на професионална кратка биографија.