Возовите на релација Скопје – Битола од среда ќе сообраќаат само еднаш дневно

Сообраќајот на патничките возови на релацијата „Битола – Прилеп – Велес – Скопје“ и обратно од 25 октомври (среда) ќе биде организиран само со возовите број 643 кој поаѓа од Скопје во 14:30 часот и возот број 640 кој поаѓа од Битола во 03:13 часот.

Ова го соопштија од Железници на Република Северна Македонија (ЖРСМ) Транспорт.

Измените, како што истакнаа оттаму на нивната веб-страница ќе важат до нивно отповикување.