Во Струга се забранува шетањето по бикини и костими за капење

Од Општина Струга информираа дека се забранува шетањето по бикини и костими за пливање во центарот на градот, особено во делот од чаршискиот мост до Зелениот пазар.

Оттаму велат дека одлуката е донесена со цел почитување на јавниот ред, особено во летната, туристичка сезона.

„Бараме од сите гости и туристи кои се разладуваат во езерото или Црн Дрим да ги почитуваат правилата по бонтон и јавен ред и да не прикажуваат голотија во јавните простори“, велат од општината.

Оттаму додаваат дека однесувањето на граѓаните ја гради сликата на еден град, па апелираат да се почитуваат одлуките за зачувување на позитивната слика за туристичка дестинација која ја има Струга.