Во сабота промоција на книгата „Безсловен“ од Кирил Ангелов

Авторската книга на Кирил Ангелов „Безсловен“ во која ја раскажува неговата животна приказна за сексуалното и менталното злоупотребување во детството и младоста, борбата со ракот и преживувањето на траумите, ќе биде промовирана во сабота 6 април во книжарницата „Сакам Книги“ во Лептокарија.

„Чест ни е што токму ние ќе им ја донесеме оваа исклучителна книга на читателите. Ова дело е сведоштво на храброста и издржливоста на авторот, а длабоко веруваме дека има моќ да ги инспирира, охрабри и утеши сите оние кои ќе го прочитаат. Сакаме да ја кренеме свеста за сите круцијално важни теми на кои се осврнува делото: ракот кај младите луѓе, врсничкото насилство,семејното насилство и можеби најмногу од сѐ, сексуалната злоупотреба на деца. Делото е еден вид на водич како да се адресираат траумите кои ги чуваме сите; совети дека е во ред да се разговара за тоа, бидејќи преку зборувањето и откривањето, ние се лечиме“, велат од издавачката куќа „Сакам Книги“.

Промоцијата ќе почне во 13.00 часот а модератор ќе биде Атина Цветаноска. Делови од книгата ќе прочита актерката Дарја Ризова.